
Утре на програмата се натпреварите од 1/8-финалето од Купот на Македонија. Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите кои ќе ги судат осминафиналните натпревари, кои ќе започнат во 14:00 часот.
Кирил Смоквоски од Прилеп ќе ја дели правдата на мечот меѓу Брегалница и Пелистер, кој се игра на Градскиот стадион во Штип, додека пак Марјан Младеновски од Скопје ќе патува во Кавадарци каде ќе ја дели правдата на дуелот меѓу Тиквеш и Силекс.
Штипјанецот Крумислав Ѓоргиев ќе им суди на Струга Трим Љум и Работнички, Александар Урошевиќ од Тетово го доби мечот меѓу Вардар и третолигашот Фортуна, додека пак Христијан Божиновски од Скопје ќе им суди на Академија Пандев и третолигашот Љуботен од Тетово.
Во Прилеп силите ќе ги одмерат прволигашите Победа и Македонија Ѓорче Петров, а на овој дуел правдата ќе ја дели Јован Качевски од Струга, штипјанецот Димитар Пилешков ќе им суди на Шкупи и Воска Спорт, меч кој се игра на Чаир, а пак дуелот меѓу Шкендија и Скопје ќе го суди Благојче Ралевски од Битола.