КУП: Секуловски се враќа во Штип, Брегалница домаќин на Пелистер

Денес се играат осминафиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија. Гледачите на Телевизија М Нет ќе имаат можност да го следат во живо натпреварот меѓу Брегалница и Пелистер, кој се игра на Градскиот стадион во Штип, а ќе започне во 14:00 часот.

Марјан Секуловски се враќа во Штип, но овој пат како тренер на Пелистер и ќе се соочи со својата Брегалница.

49-годишниот битолчанец е поранешен тренер на штипските „сини“ кои ги водеше од 2020 до 2022 година и постигна големи резултати. Секуловски од Штип си замина на полусезоната од минатата сезона и се врати во битолски Пелистер, со кого денес гостува во Штип.

Брегалница лесно стигна до осминафиналната фаза, откако во Виница со убедливи 0:3 го декласираше второлигашот Слога, додека пак Пелистер во втората рунда од Купот стигна со триумф од 0:1 во дербито против Гостивар.

Денес во Штип ќе гледаме интересен и неизвесен дуел на двете екипи кои посакуваат пласман во следната фаза од Купот. Фаворитската улога ќе биде на страната на штипските „сини“.

Правдата на овој меч ќе ја дели прилепчанецот Кирил Смоквоски, ќе му помагаат Иле Пишески и Марјан Смилкоски, исто така од Прилеп, додека пак четврт судија на мечот ќе биде Боби Величков од Велес.