
Утре ќе се одиграат натпреварите од четвртфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија.
Седум прволигаши и еден второлигаш ќе водат борба за следна фаза од Купот. Четвртфиналето носи четири возбудливи пресметки во борбата на патот кон големото финале кое носи „виза“ за излез во Европа.
Вардар е единствениот второлигаш кој ќе се спротивстави на прволигаши на патот кон големото финале. Најтрофејниот македонски фудбалски клуб во четвртиналната фаза ќе се соочи со Силекс на Стадионот во Кратово. Двете екипи играат во одлична форма во првенството и во полн ритам в среда ќе се соочат за следна фаза од Купот.
Вардар лесно стигна до четвртфиналната фаза откако со убедливи 4:0 славеше над третолигашот Фортуна, а пак Силекс со 0:1 славеше над Тиквеш за четвртфинале.
Дуелот во Кратово ќе го суди штипјанецот Стојанче Стојанов.
Покрај езерото ќе гледаме соочување на Струга Трим Љум и Брегалница, второ за две недели. Овие две екипи се соочија на 30. октомври токму покрај Охридското Езеро во рамки на 13. коло од ПМФЛ, тогаш бодовите беа поделени, а Струга се извлече откако со гол од пенал обезбеди бод во дуелот со штипските „сини“. Овој меч гледачите на М Нет телевизија ќе имаат можност да го проследат во живо.
Лидерт во ПМФЛ Струга не е во најдобра форма и нема триумф од 17. септември, додека пак од друга страна Брегалница излезе од мини резултатската криза и со позитивни резултати стигна до делба на петтото место во ПМФЛ и прави притисок за местата кои водат во Европа.
Струга преку Работнички стигна во четвртфиналната фаза, додека пак Брегалница го исфрли Пелистер на домашен терен.
Главен судија на мечот ќе биде Игор Стојчевски од Скопје.
Во Ѓорче ќе гледаме реприза на финалето од 22. мај 2019 година кога Академија Пандев преку пенал рулетот против Македонија ЃП го освои Купот на Македонија за првпат во историјата на струмичкиот прволигаш и со тоа за првпат излезе на европската сцена.
„Пандевци“ имаа лесни противници во Купот и лесно стигнаа до четвртфиналето од Купот, откако во претходната фаза со убедливи 9:0 го декласираа Љуботен во Струмица, додека пак „лавовите“ беа подобри од Победа (0:2) во Прилеп.
Ако ја погледнеме формата и на двете екипи во првенството во однос на тековната и минатата сезона и двете екипи се далеку од тоа што го имаа минатата сезона. „Пандевци“ веќе два месеци немаат победа во првенството, само две победи во Купот, додека пак „лавовите“ минатата сезона доминираа во ПМФЛ, а сега со последните три позитивни резултати се извлекоа и на момент се пробија на седмото место на табелата.
Правдата ќе ја дели штипскиот судија Крумислав Ѓоргиев.
На Чаир ќе го гледаме големото дерби од четвртфиналната фаза на Купот меѓу Шкупи и Шкендија. Двата големи ривали ќе имаат свое соочување за пласман во полуфиналето.
Дефинитивно најголемото внимание ќе биде на Чаир каде ќе гледаме тврт натпревар со многу надмудрувања и монгу дуели.
Шкупи во претходната фаза со 6:0 ја декласираше Воска и обезбеди четвртфинална фаза, а пак Шкеднија со 5:0 го „распука“ Скопје и закажа дуел со Шкупи на Чаир.
Куп-дербито на Чаир ќе го суди стружанецот Јован Качевски.