
Овој викенд се одиграат натпреварите од женскиот кошаркарски Куп на Македонија, фаворитите одиграа според очекуваното, а изненадување направи Спорт Тим.
Екипата на Спорт Тим која се натпреварува во Првата Б лига со 70:63 славеше над Пробаскет екипа која е дел од Првата А лига.
Гостивар немаше сили за фаворитот Бадел кој беше пресилен со 30:77, а пак Шкупи беше декласиран од МЗТ Скопје Аеродром со резултат од 66:100. Кошаркарките на Патриот од Делчево патуваат во следната фаза од Купот откако со 50:66 славеа над Охрид.
Риниа која е дел од Првата Б лига го доживеа најтешкиот пораз откако загуби со 26:102 од екипата на Вардар, која настапува во Првата А лига.
Јанбор немаше сили за шампиoнот Баскет Кам, откако кошаркарките од Македонска Каменица славеа сигурна победа од 45:72.
Во следната фаза директно патуваат Крива Паланка која требаше да игра sо дисквалификуваната екипа на Пониква од Кочани и Струга која директно патува, a која требаше да игра со Куманово, екипа која исто така е исклучена од натпреварување.
Александар Ванев, М-Нет