КУП: Второлигашот Детонит Плачковица против Силекс, Шкендија Арачиново со Работнички во четвртфиналето

Денес во „Куќата на фудбалот“ беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија, а ждрепката посака второлигашот Детонит Плачковица да се соочи со прволигашот Силекс.

Бранителот на куп титулата Вардар ќе се соочи со второлигашот Охрид, дерби ќе има меѓу Струга Трим Лум и Шкендија, а пак второлигашот Шкендија Арачиново ќе оди на мегдан со Работнички.

Натпреварите ќе се одиграат на 25. февруари.

Се игра еден натпревар, ако нема победник во регуларниот дел директно ќе се изведува пенали, а победниците ќе се пласираат во полуфиналето. Освојувачот на Купот на Македонија обезбедува излез во Европа.

Александар Ванев, М-Нет