
Екипата на Куманово продолжува со промоција на нови засилувања, откако суперлигашот го претстави десното крило Александар Стојков, кој доаѓа од редовите на Струга.
25-годишниот ракометар стави потпис на едногодишен договор со Куманово, со опција истиот да биде продолжен на уште една година. Низ својата кариера Стојков покрај за Струга, настапуваше и за Голден Арт, Мулти Есенс и Алкалоид.
Претходно, клубот се засили со Виктор Трифуновски, а ја продолжи соработакта со Христијан Крстаноски.
Охрид гради силен тим и ќе го напаѓа врвот во Суперлигата, а целта на „гладијаторите“ во иднина ќе биде да напаѓа за освојување на титула во шампионатот или Купот.
Досега во градот покрај Езерото се претставени неколку засилувања. Давид Савревски кој доаѓа од Алкалоид, а играше и за Вардар, стави потпис на минимум од две години.
Бојан Блажески кој е претставен како ново засилување на голманската позиција, а доаѓа од Бутел Скопје. Стави потпис на договор во должина од две години, а претходно го чуваше голот на Бутел осум години, со кој три сезони играше во Европските купови. Блажески беше дел од кадетската и младинската репрезентација на Македонија.
Клубот мисли и на иднината со што младиот и талентиран Илија Трајчески го „врза“ со догоор од три години и ќе му биде на располагање и на сениорскиот тим. Се работи за 14-годишен ракометар кој беше лидер во шампионскиот пионерски тим на Охрид за изминатата сезона.
Најголемото засилување во Охрид е Ориол Реј моралес, кој Охрид е претставен како трансфер „бомба“. „Гладијаторите“ во одбраната ќе бидат подобри со најдобриот шпански дефанзивец во Асобал лигата за сезона 2024/2025.
Реј има 31 година, висок 190 сантиметри, доаѓа од шпанскиот тим Гранолерс, а настапуваше и во Европската лига. Шест сезони беше дел од моќната Барселона и настапи во Лигата на шампиони, а две сеозни беше дел од француското првенство и 0настапи во ЕХФ Европската лига со тимот на Пау Аикс.
Стефан Петровиќ е исто така ново засилување на Охрид, а 24-годишниот раокметар кој игра како лев бек доаѓа од редовите на Вардар, претхдоно беше дел од партизан, а има одлични настапи за младинските категории за репрезентацијата на Србија.
Охрид во новата сезона ќе го води искусниот српски стратег Борис Ројевиќ.
Александар Ванев, М-Нет