Беласица го утврди планот за подготовки – ќе се тестира преку седум пријателски натпревари, еден ќе биде меѓународен со екипа од Бугарија!

ФОТО: М Нет телевизија

Струмичкиот второлигаш Беласица ги договори пријателските натпревари преку кои ќе ја темпира формата за новата сезона. Струмичани ќе одиграат вкупно седум контролни натпревари, а еден од нив ќе биде меѓународен.

Во новата сезона екипата на Беласица влегува со цел да се бори за висок пласман односно за местата кои водат кон Првата лига.

Првиот пријателски натпревар ќе се одигра 19 јули против Кожуф, потоа следува меѓународен пријателски меч со екипата на Септември Симитли од Бугарија закажан за 23 јули.

На 27 јули Беласица ќе се тестира со Детонит Плачковица, а на 1 август Беласица ќе одигра пријателска со новиот второлигаш Шкендија од Арачиново.

На 6 август ќе биде пријателската со новиот третолигаш Победа од Валандово, за 10 август е закажана пријателска со Каменица Саса, а „генералката“ ќе биде со екипата на Осогово за 16 август.

Новата сезона во Втората лига ќе започне на 23 август.

Александар Ванев, М-Нет