
Есенскиот шампион во ТМФЛ Север екипата на Куманово го претстави своето второ зимско засилување за пролетниот дел.
Нов играч во екипата предводена од Даниел Стојановски е Кристијан Ивановски од есенскиот шампион во ВМФЛ екипата на Беса.
Во својата кариера 25-годишникот покрај за Беса има настапувано и за Пехчево, Борец, Македонија ЃП и некогашниот второлигаш Кадино.
Претходно како што објави телевизија М Нет прво зимско засилување во редовите на Куманово е Дарио Десниќ кој доаѓа од редовите на прволигашот Вардар.
Во сабота Куманово ќе одигра пријателски меч со второлигашот Скопје, а како што дознава телевизија М Нет, во следните денови во Куманово ќе бидат промовирани уште неколку засилувања.
Во пролетниот дел Куманово ќе се бори да го сочува 1 место кое води во баражот за ВМФЛ.
Александар Ванев, М-Нет