
Променет директорот на штипскиот Дом на култура. Во директорската фотелја на местото на Горан Трајков седнува Кристина Атанасова-Арсова. Таа е дипломиран актер, со 20 годишно работно искуство во штипскиот театар. Денеска го добила решението од страна на Министерството за култура дека е назначена за нов в.д. директор на Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип, но функцијата официјално ќе ја преземе од понеделник кога досегашниот директор Трајков ќе се врати од одмор.
Горан Трајков на функција директор на Дом на култура седна во март 2021 година, откако претходно беше во директорското столче на штипскиот Дом на млади. Тој дипломирал на Музичката академија во Скопје.
Лаура Стојанова М-Нет