Кривична пријава за штипјанецот кај кого беше пронајден кокаин

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.П.(36) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 25.12.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.