Тепачка во угостителски објект на патот Берово – Струмица

На 31.12.2021 околу 00.15 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект на патот Берово – Струмица, по претходна расправија, е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.(30), од една страна и М.Д.(22) и Т.Д.(46), од друга страна, сите од Берово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.