
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против З.М.(33) од с. Градец, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 19.03.2020 З.М. го напуштил домот каде што требало да биде во самоизолација 14 дена, сметано од 07.03.2020 кога допатувал од Р.Италија на граничен премин ,,Табановце“, и не постапил согласно мерките на Владата на Р.С.Македонија за спречување од ширење на заразната болест коронавирус COVID 19.