Кривична пријава за 15 годишник од Штип, се движел за време на полициски час

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.С.(15) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на пандемија“. На 05.06.2021 во 00,25 часот, од полициски службеници, пријавениот бил затекнат во движење за време на полициски час без дозвола за движење, кога со Одлука на Влада на Република Северна Македонија, се забранува движење на населението со цел спречување на ширење заразна болест Ковид – 19 и заштита на населението.