Кривична за 31-годишник од Штип, му пронашле кокаин

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(31) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29.07.2023, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.