
Петтото коло од Првата А женска кошаркарска лига го донесе дербито на колото и големото изненадување, Крива Паланка го совлада шампионот Баскет Кам со висок резултат од 70:54 и со тоа кошаркарките на шампионот од Македонска Каменица го забележаа првиот сезонски пораз. Екипата на Крива Паланка сега останува единствениот непоразен тим.
Бадел однесе убедлива победа над Пробаскет со превисоки 45:80 во меч на тотална доминација на гостинскиот тим, а пак Вардар со 69:51 славеше над МЗТ Скопје.
Слободна беше екипата на Патриот од Делчево.
Во однос на табелата Баскет Кам е на врвот со девет бодови, а пак Крива Паланка е втора со осум бодови, со тоа што овој тим има меч помалку во однос на шампиониот. Бадел е трет со седум бодови, Вардар е четврти со шест бодови, а по пет бодови имаат МЗТ Скопје е кој петти, Патриот од Делчево кој е шестти, а пак Пробаскет е седми. Колку за потсетување Куманово е дисквалификувана екипа и формално е на дното.
Во однос на Првата Б женска кошаркарска лига во рамки на 5. коло Гостивар со 48:30 славеше над Јанбор, Риниа Баскет со 69:50 ја доби Струга, додека пак Спорт Тим го прегази тимот на Шкупи. Охрид со службени 20:0 го доби мечот со Пониква.
Во однос на табелата Спорт Тим и Струга се на врвот со по девет бодови, Шкупи, Риниа и Охрид имаат по осум бодови. Гостивар е шестти со седум бодови, Јанбор е седми со шест бодови, а пак Пониква од Кочани е на дното од табелата со три бодови.
Александар Ванев, М-Нет