Крводарителска акција иницирана од ПЗУ Д-р Самарџиски

Обезбедувајќи почит кон човековото битие заштита на животот  и неговото  здравје. Потикнувајќи и постојана подготвеност за давање помош на ранливите категории на граѓани. Се дејствуваат хуманите вредности за да се прифатат предизвиците  да се направи подобро и многу повеќе.  Да се поттикне чувството за солидарност и хуманост. Токму денес, во просториите на Црвен крст- Штип иницирана од ПЗУ Д-р Самарџиски се одржа крводарителска акција на која хуманоста се покажува на дело.

„Кога станува збор за крводарителството високиот чин на хуманоста, тоа се докажува и до самите статистички податоци кои што имаат нагорен тренд, во последниве неколку години. “ Изјавува, Милановска

Крводарителските акции секогаш се успешни и одзивот на граѓаните кои даруваат крв. Црвениот крст секогаш е отворен за инцијатива исто како и за денешната од страна на ПЗУ Д-р Самарџиски

„Денешната е прва февруарска крводарителска акција на иницијатива на ПЗУ Д-р Самарџиски. А ние сме тука за да го поддржиме тоа. Медицинскиот персонал беа првите во овие редови.“ Изјавува, Милановска

При крајот на секоја година Црвен крст –Штип прави годишен план  за следната. Тој годишен план е на национално ниво, во кој се знае динамиката на крводарителската акција која започнува.

Надица Стојковска/ М Нет

Дарко Лазев/ М Нет