
Дали Победа во пролетната полусезона од Прва лига ќе биде предводена од нов тренер или пак ќе остане досегашниот стратег Бобан Бабунски е дилема која би требало да биде решена во следните денови.
Во фудбалските кругови се вратат имиња за тоа кој би бил наследник на Бабунски, но до овој момент нема официјално соопштение од прилепскиот прволигаш, ниту пак од досегашниот стратег Бабунски, околу нивната соработка.
Во следните денови од Победа би требало да излезат со официјален став околу тоа кој ќе го предводи прилепскиот прволигаш оваа пролет, а исто така, ќе биде соопштен и датумот за старт на подготовките.
Победа по неколку сезони во Втора лига се врати во фудбалската елита на Македонија и во моментот презимува на деветтото место со 13 бодови, па во пролетниот дел ја очекува неизвесна борба за опстанок.