
Кој ги крши клупите, вади заштитните столбчиња и превртува кантите за отпадци? Во Штип повторно вандализам. Според мнозинство анкетирани граѓани на скала од 1 до 10, ваквото однесување го оценуваат под нула. Едногласни пред нашите камери дека ваквите сличаи се претежно предизвикани од младите, кои до ноќните часови шетаат по улиците. Додаваат дека ситуацијата е загрижувачка, особено фактот дека нема домашно воспитување.
Граѓаните се децидни, само казните се спасот за ваквиот неред.
Инаку, граѓаните дополнително додаваат дека младите се помалку своето слободно време го користат за едукација. Не посетуваат кино, не одат на концерти и ретко посетуваат културни настани. Велат времето во кое немаат што да прават, е потрошено во вакви нереди.
Иван Митев, М-Нет