Коштанов: Новите обележани паркинг места во Штип значат поголема безбедност за граѓаните

Откако во претходните неколку дена се обележуваше паркинг простор на неколку локации во Општина Штип, по реакција на граѓаните денеска се огласи и директорот на ЈП „Стипион“ Трајче Коштанов. За речиси недела дена штипјани добија 27 ново обележани паркинг места на кои паркинг услугата не се наплаќа. Според Коштанов со ова граѓаните добиваат повеќе простор на кој може да се движат и да бидат безебдени.

„Во изминатите денови извршивме обележување на ул.„Борис Кидриќ“ седум паркинг места во делот кај Промајата и уште 20 паркинг места кај автобуската станица“ – истакна Коштанов.

За сега нема одлука на овие обележани паркинг места да се наплаќа, а за да се донесе таква одлука потребно е предлог кој ќе помине на Совет на седница и потоа да стапи на сила. Во Штип има голем број тротоари на кои наместо пешаци се паркирани возила и ова е проблем со кој граѓаните се соочуваат секојдневно.

„Со обележувањето паркинг места покрај оа што се добива правилно поставување на возилата, се добива и доволно слободен простор за пешаците по тротоарите“ – исткана Кошантов.

Инаку претходно граѓаните од ул. Борис Кидриќ во Штип реагираа до нашата редакција бидејќи улицата им била со возила од двете страни, заробувајќи им го и тротоарот и просторот наменет за движење, а со тоа и нивната безбедност. Истовремено реакција имаа и граѓаните кои живеат или минуваат по булеварот Партизанска каде по тротоарите веднаш до градскиот стадион се паркираат возила и авотобуси, па луѓето се приморани да се движат по самиот коловоз. Денеска на ова место на самиот тротоар се обележаните паркинг места, со оставен мал простор за движење на граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет