
Претставници од Кошаркарскта федерација на Македонија денес во ООУ „Димитар Влахов“ во Штип ја промовираа женската кошарка кај девојчиња на возраст од 6 до 10 години. Една од целите на овој настан е покрај тоа што девојчињата би ги направиле првите чекори кон кошарката како спорт, да се поттикне и психофизичкиот развој кај најмалите девојчиња со заложба за обезбедување на квалитетно физичко воспитување преку кошарката.
Интерес кај девојчињата во Штип за кошарка има, а градот под Исарот го има и ЖКК Тим Арена кој работи со младински категории. Кошаркарската федерација на Македонија на годишно ниво реализира десет вакви настани за промоција на женската кошарка, а еден од нив денес се реализира и во Штип.
„Целта на овој настан е да се промовира женска кошарка да се зголеми, да има се повеќе места и градови. Дефинитивно треба уште многу да се работи, меѓутоа овој проект го имаме од 2022 година се развиваме, сакаме на повеќе места да одиме во повеќе градови, во повеќе училишта. Ние со овој проект на годишно ниво десет настани, што значи дека го одбравме Штип да биде еден од нив, се надеваме дека ќе вроди со плод“, вели Моника Ѓорѓиевска, проектен менаџер на Кошаркарска федерација на Македонија
Овие настани ги поддржува ФИБА односно Меѓународна кошаркарска федерација, а главната цел е што повеќе девојчиња да бидат вклучени во кошарката како спорт.
„Ова е всушност проект кој е спонзориран од ФИБА, тие имаат интерес да има повеќе девојчиња во кошарката, да има повеќе деца што ќе сакаат да тренираат кошарка и целта е после овој тренинг они да ја засакаат кошарката и можеби да отидат во клубот кој е тука во градот за да продолжат да тренираат“, вели Ѓорѓиевска.
Овие настани Кошаркарската федерација на Македонија ги реализира од 2022 година и истите даваат ефект односно е зголем интересот кај девојчињата за кошарката.
„Има, да, има многу. На пример во Тетово имавме во едно училиште после тој тренинг со репрезентативката, многу девојчиња се пријавија после тоа и беше прилично успешно“, додава Ѓорѓиевска.
Денес во Штип кошарката како спорт се промовираше во ООУ „Димитар Влахов“ и ова е последниот ваков настан за оваа сезона и за оваа училишна година, а федерацијата ќе продолжи со промоција од следната сезона односно училишна година.
„Дефинитивно, меѓутоа тоа го оставаме за следната сезона, бидејќи со овој настан завршуваме за оваа сезона, бидејќи учениците завршуваат со училиштето во јуни. Од септември продолжуваме пак“, дополнува Ѓорѓиевска.
Во градот под Исарот интересот за кошарката е на задоволително ниво, девојчињата ја сакаат кошарката и имаат интерес да го спортуваат овој спорт.
„Во Штип постои еден кошаркарски женски клуб, заинтересираноста е на доста задоволително ниво, добар проект во соработка со Кошаркарската федерација за промоција на кошарката. Со денешниот брз начин на живеење единствено нешто спортот и физичката активност се тие коишто се клучен фактор во изградба на една здрава психофизичка личност. Ние како наставници, спортски работници, целта наша е да вклучиме што поголем број на деца во спортските клубови, со цел за изградба на една здрава психофизичка личност“, вели Маја Ашкилова, спортски работник и наставник по физичко и здравствено образовани.
Ашкилова очекува дека после овој настан интересот ќе биде на уште повисоко ниво за женската кошарка во Штип.
„Ова е втора година, втора по ред соработка со федерацијата за промоција на женската кошарка, како женски кошаркарски клуб сме задоволни, значи одиме во подем и самите спортски резултати покажуваат дека постепено растеме и го достигнуваме очекуваното ниво“, додава Ашкилова.
Од септември Кошаркарската федерација на Македонија ќе ги продолжи овие настани за промоција на женската кошарка, а Штип одново ќе биде еден од градовите каде ќе се одржи ваков настан.
Александар Ванев, М-Нет