Кошаркарите на штипски Соколи отвараат против Бутел, Охрид домаќин на Маџари

Овој викенд ќе започне новата сезона од Втората кошаркарска лига на Македонија, а во рамки на првото воведно коло штипскиот второлигаш Соколи ќе гостува кај тимот на Бутел, ланскиот прволигаш Охрид на домашен терен ќе игра со Маџари, Мега Баскет на домашен терен ќе игра со ланскиот прволигаш ФМП Академија, додека пак Работнички против МЗТ.

Борец Баскет ќе го пречека тимот на Ангел, а пак Црн Дрим ќе биде домаќин на екипата на Партизан.

И во новата сезона ќе се натпреваруваат 12 екипи во двокружен бод ситем, од 22 кола по принцип секој со секого, односно еднаш дома, еднаш на гости.

Екипите од прво до осмо место играат плеј-оф завршница, екипите пласирани на деветтото и десеттото место остануваат во Втората лига и за следната натпреварувачка сезона 2025/2026, додека пак екипите кои ќе завршат на последните две места односно на 11 и 12 место испаѓаат во Трета лига за сезона 2025/2026.

Александар Ванев, М-Нет