Кошаркарите на Соколи против Струмица ќе бараат триумф и враќање на победите, Маџари против Водно Санс, Црн Дрим против Мега Баскет

Со два натпревари во сабота и четири во недела ќе биде отворено 18. коло на Втората кошаркарска лига.

Соколи во спортската сала „Јордан Мијалков“ ќе бара враќање на победите против Струмица, откако штипјани загубија од Маџари и Ангели, сега ќе бараат триумф после двата порази од директните конкуренти за Прва лига.

Победата е императив и за двете страни, Соколи ќе биде фаворит на овој меч, поради домашниот терен и домашната публика, а пак Струмица која се бори за опстанок ќе сака изненадување на тешкото за нив гостување во Штип.

Натпреварот во „Јордан Мијалков“ во Штип ќе започне во 18 часот.

В сабота екипата на Бутел на домашен терен ќе игра против Борец Баскет од Велес, каде се очекува неизвесен дуел.

В недела последнопласираниот Работнички 2018 ќе игра против ланскиот прволигаш Охрид, каде гостинот ќе бара нова победа во улога на благ фаворит, Црн Дрим како фаворит на домашен терен ќе ја пречека екипата на Мега Баскет, Маџари како голем фаворит ќе се соочи со екипата на Водно Санас, а пак Ангели исто така како фаворит ќе игра против вториот тим на МЗТ Скопје.

Во однос на табелата со по 31 бод водечки се екипите на Ангели и Маџари, Соколи е трет со 30 бодови, а пак Црн Дрим четврти со 27 бодови. На дното е Работнички 2018 со 19 бодови.

Александар Ванев, М-Нет