
Спортската сала во Основното училиште „Димитар Влахов“ во Штип беше „мегданот“ на кошаркарските возбудување на пријателските средби помеѓу младите девојки на Пробаскет од Пробиштип и на Тим Арена од Штип. Тренерите Маја Ашкилова и Петре Петковски од домашната и Ванчо Лепитков од гостинската страна ги преставија своите млади кошаркарки од генерациите 2009 до 2012 година да го покажат сето свое умеење и вештина во кошаркарската игра.


Резултатите од овие натпревари се знаат, се запишуваат, но поважно од се е другарството, стекнувањето на нови другарки и темпирање на спортскиот дух кај овие идни наши млади и талентирани кошаркарки. Следи период кога учениците се растеретени од училишните обврски а тоа е можност за организирање на повеќе вакви пријателски другарувања и одигрување на натпревари. Веќе за следната недела се најавуват нови кошаркарски средби помеѓу овие две екипи повторно на пријателска основа овојпат во градчето Пробиштип како домакин. Спортската редакција на Мнет ТВ внимателно ги следи ваквите спортски настани со желба да продолжи кошаркарската традиција во Штип и во Пробиштип,за да еден ден младите кошаркарки да созреат и да затропаат на вратите на сериозните сениорски екипи и секако да го облечат репрезентативниот дрес на Македонија.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk