
Малата, но одбрана екипа на штипски џудисти преставена од момци и девојки од БК „Балканец“ ги освои симпатиите на Државното првенство во Скопје. Според информациите од тренерот Бобан Данов, натпреварувачот Теодор Горгиев во кат. + 90 кг. го освои второто место и сребрен медал.

Марија Цветанова во во кат. до 57 кг. го освои третото место и бронзен медал. Трето место и бронзен медал освои и Анабела Данилова во кат. до 60 кг.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk