
На 26.06.2021 во 01.40 часот на паркинг простор пред угостителски објект во Пробиштип, полициски службеници го лишиле од слобода С.Ј.(21) од с.Герман, општина Ранковце, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.