
Бројот на ковид хоспиталиизрани пациенти не се намалува ниту во штипската ниту во кочанската болница. Во Клиничка болницца Штип во последните 24 часа новопримени се четири пациенти и исто толку испишани. Бројката на хоспитализирани е 59 од кои 51 се на Инфективното одделение и осум на Кожното, а исто осум пациенти се на дневна амбуланта. Од хоспитализираните 44 имаат потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се 17 пациенти. Битката со невидливиот непријател ја изгубиле две лица, едно од Штип 79 годишна возраст и едно од Кочани на 78 годишна возраст. Од почетокот на оваа недела односно во последните три дена во штипската болница починале осум лица поради компликации од корона вирусот. Слободни се девет кревети, седум на Инфективното одделение и две на Кожното информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во Кочани моментално на болничко лекување се 13 пациенти од кои осум се вакцинирани, а четири се на кислородна поддршка. Во изминатото деноноќие испишани се четири пациенти, а примен само еден. Нема починати лица со што бројот на слободни ковид кревети е 14, информираат од кочанската болница.
Бројката на активни ковид случаи во општините од Истокот моментално е под 800, односно активни се 791 случај. Овој пат Кочани со најмногу 230, веднаш зад неа Штип со 220 и Делчево со активни 119 ковид случаи. Бројката во останатите оопштини од Истокот е двоцифрена вклучувајќи го и Пехчево.
Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.433.550 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.971, бројот на оздравени пациенти е 194.346, на починати е 7.354, а бројот на активни случаи изнесува 8.271.
Лаура Стојанова М-Нет