
Штипјанецот Емил Павлов мошне силовито ги започна борбите на Светското Карате првенство што се одржува во Дубаи, ОАЕ. Емил Павлов досега нанижа пет победи и се пласира за финалето каде што ќе се сретне со Стивен Дакоста од Франција во новата за него категорија – 67 кг. Еве ги комплетните резултати на Емил Павлов на патот до финалето:
Прво коло победа против Матеј Хомола од Словачка,
Второ коло победа против Садридин Сајматов од Узбекистан,
Трето коло победа против Абдалах Хамат од Јордан,
Четврто коло победа против Али Елкасави од Египет,
Петто коло победа против Мартиал Тадиси од Унгарија .
Емил Павлов е третиот штипјанец во борба за светски медал откако неговиот тренер Сашко Арсовски во 2004 година во Мексико загуби во борбата за бронза и го освои петтото место, за да Жарко Арсовски на СП во Белград 2010 година освои бронзен медал. Честитки за Емил Павлов кој пред одењето за Дубаи даде ексклузивна изјава за Мнет ТВ во која нагласи дека ќе го вложи сето свое знаење, умеење и пожртвувана борба за да дојде до толку посакуваниот медал од Светско Првенство кое му недостигаше.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk