Кочани во долниот дел, Каменица Саса во средина од табелата, Љуботен лидер во Првата женска фудбалска лига

ФОТО: Александар Ванев

Вчера во Тетово се комплетираше четвртото коло во Првата женска фудбалска лига со мечот меѓу Љуботен и Тиверија Брера каде двете екипи ремизираа играјќи 1:1 и ги поделија бодовите.

Претходно, како што информираше М Нет телевизизија, Кочани ремизираше без голови против Ас Јунајтед за првб од, Пелистер го доби Истатов со 2:0, шампионот Скопје беше пресилен за Речица со 4:0, а пак Каменица Саса со 4:2 славеше над Вардар.

По комплетирање на колото познат е и изгледот на табелата. Лидер е Љуботен со десет бодови, втор е Скопје со девет бодови колку што има и Пелистер кој е трет. На четвртото место е Ас Јунајтед со осум бодови, следува Тиверија Брера со седум бодови како петтопласирана.

На шестото место или во средината табелата е Каменица Саса со шест бодови, колку што има и Истатов. На осмата позиција е Речица со еден бод, колку што има и Кочани кој е претпоследен или во бараж зоната за опстанок, а на дното без бодови е Вардар, кој по четири кола никако да победи.

Александар Ванев, М-Нет