
Фабричките погони се празнат и затвораат, работниците остануваат на улица, а индустриското производство паѓа – кажа денеска на прес кокнференција потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, по затворањето на странска текстилна компанија во Штип. Додаде дека најголем удар има врз преработувачката индустрија, веднаш потоа во рударството и во енергетиката.
„Ова не е единствен проблем во економијата. Прво, нема реално зголемување на платите, на хартија нешто се менува ама во паричникот ништо. Второ, нема контрола на цените. Основните продукти се недостапни за најголем дел од граѓаните. Трето, економијата стагнира. Падот кај капиталните производи е 7,1%м тоа значи стопирани инвестиции и одложени набавки на машини. Четврто, енергетската политика е хаотична. Сметките за струја останаа високи, договорите непредвидливи, а компаниите ја губат конкурентноста.“ – вели Ккостова.
Од СДСМ истакнаа дека ќе бидат гласот на работниците и стопнаството. Бараат итни мерки од страна на Владата за да се надмине ситуацијата во која се наоѓа економијата и граѓаните.
„СДСМ бара веднаш план за стабилизирање на индустријата и стандардот, итни мерки, реален социјален дијалог за плати што ќе ја победат инфлацијата“ – додава Костова.
Индустријата не смее да биде оставена сама, граѓаните не смеат да плаќаат за промашувањата на Влада, кажа Костова.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет