
Четвртата рунда од Третата македонска фудбалска лига – Југозапад беше доста ефективна од аспект на постигнати погодоци. На три натпревари имаше дожд од погодоци, само во Струга имаше реми без погодоци.
Фаворитот Кораби на домашен терен со убедливи 7:1 ја декласираше новајлијата Светлост и со тоа впиша нови три бодови на своето конто и одново го превзема врвот, откако Преспа загуби во Кравари.
Един Мерсовски и Ујкан Муча беа двојни стрелци, додека пак по еден гол постигнаа Бљерон Муча и Фатјон Леши, а пак Кристијан Радојчиќ си постигна автогол. Единствен стрелец за гостинот беше Менде Пачовски кој стрелаше во 89. минута.
Кравари забележа висока победа од 4:1 над Преспа и сега двете екипи заедно со Кораб го делат врвот со по 9 бодови на своите конта.
Темур Емини и Хакан Алимовски беа двојни стреци за домашниот тим, а апк Илче Талевски беше единствен стрелец за гостинот од Ресен.
Јанг Тим за првпат сезонава се израдува на триумф, откако на теренот во Мороишта ја доби битката со многу погодоци. Домашниот тим со 5:3 беше подобар од Сатеска од Волино.
Атај Уљо и Сеит Крека беа двојни стрелци за Јанг Тим, а во листата на стрелци со еден гол се запиша и Хаким Османи. За гостите од Волино стрелци беа Даниел Митрески, Никола Секулоски и Даниел Цветаноски.
Влазними и Лирија ги поделија бодовите во Струга во меч каде немаше погодоци (0:0).