Росоман со ДЕСЕТКА го „уништи“ Ултрас, Младост преку пресврт слави во Крушево над Питу Гули

Денес беа одиграни натпреварите од 4. коло од Третата лига – Југ. Највисока победа запиша некогашниот второлигаш Росоман од 10:0 над новајлијата Ултрас, во меч каде гостинот беше инфериорен и имаше повеќе од ужасен меч.

Слободан Дуков беше играч на натпреварот, а во мрежата на Ултрас смести пет погодоци, двоен стрелец беше Кристијан Јованов, додека пак по еден гол постигнаа Миловановиќ, Костовски и Кочовски.

Питу Гули не тргна според очекуваното во новата сезона, а денес го забележа третиот пораз откаок на домашен терен загуби од Младост од Кривогаштани со резултат од 3:4.

Младост го слави Бобан Крстески кој постигнат хет-трик за гостинскиот тим. На полувреме Питу Гули имаше водство од 2:1, а во вториот дел Младост направи комплетен пресврт. Крстески во 11. минута постигна гол за водство од 0:1, а до крајот на првиот дел Благојче Стојаноски постигна два гола и обезбеди водство за Питу Гули на полувреме.

Во вториот дел Крстески со два брзи гола во 63. и 64. минута обезбеди нова предност и нов пресврт за Младост од 2:3. Димитар Китаноски во 80. минута ја зголеми предноста за Младост од 2:4, а седум минути подоцна Стрезовски ги постави конечни 3:4 со што трите бодови заминаа во Кривогаштани.

„Фенерџијата“ Бучин продолжува со катастрофални резултати и нижи само порази, откако и денес претрпе пораз овој пат од Марена со 3:2.

Марена на полувреме имаше водство од 2:0, откако искусниот Александар Велјанов во 3. минута погоди за 1:0, а пак Борис Михов во 15. минута стрелаше за 2:0. Во вториот дел Михов со втор гол обезбеди 3:0, додека пак во финишот Србиноски и Солески ги поставија конечните 3:2.

На теренот во Долнени се соочија Слога и Локомотива во меч каде гостите со 1:2 славеа втора сезонска победа. Оливер Плетварски во 4. минута постигна гол за водство на некогашниот второлигаш од Градско. Во вториот дел Иван Наунов погоди за 0:2, а во финишот Нермин Каришик постигна гол за конечни 1:2.

Превалец на домашен терен запиша триумф над екипата на Големо Коњари со резултат од 3:2. Во првиот дел беа постигнати четири погодоци. Петар Симоноски постигна гол за 0:1, а потоа Кристијан Маневски обезбеди пресврт и водство од 2:1 со два гола. Во 30. минута Бобан Ѓорчески постигна гол за 2:2 на полувреме. Во вториот дел Давид Спиридонов постигна гол за конечни 3:2.

Во ова коло слободна беше екипата на Борец од Велес.