
Денес се комплетираше 14. коло од Третата македонска фудбалска лига – Југозапад, откако колото беше отворено вчера со триумфот на Новаци од 2:0 над Лирија од Грнчари, за што извести телевизија М Нет.
Денес убедлива победа однесе Кораб од Дебар, откако на гостувањето кај Иднина во Боровец ланскиот второлигаш беше убедлив со 1:5. Гостите од Дебар важеа за големи фаворити, а тоа беше оправдано со убедлива победа.
Стевановски беше двоен стрелец за Кораб, а во листата на стрелци со по еден гол се запишаа Трапи, Боличе и Мерсовски, додека пак за домашниот тим единствен стрелец беше Исламоски, кој погоди за конечните 1:5 во 87. минута од средбата.
Демир Хисар со убедливи 4:0 ја декласираше Преспа од Ресен на домашен терен. Голгетерот Стефан Каревски беше двоен стрелец, а по еден гол во вториот дел постигнаа Ангелевски и Китановски.
Голеадата во Мороишта ја доби Сатеска од Волино, која со 3:5 славеше над домаќинот Јанг Тим.
Интересен меч се одигра на теренот во струшко Мороишта со многу погодоци и пресврти. Домашниот тим прв го отвори резултатот уште во 5. минута преку Далчески, а до крајот на првиот дел Стоески и Милошески погодија за 1:2. Во вториот дел Далчески со втор гол го израмни резултатот на 2:2, но со два брзи гола Сатеска преку Цветаноски и Секулоски во 75. и 76. минута обезбеди ново водство од 2:4.
Шаќири во 93. минута намали на 3:4, а две минути подоцна Секулоски со втор гол ги постави конечните 3:5.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД:
