Кораб е осамен на врвот во Трета лига – Југозапад, Новаци „киксна“ и сега е на второто место

Денес беа одиграни натпревари од 17. коло од Третата македонска фудбалска лига – Југозапад, а оваа рунда ни донесе промени во врвот од табелата.

Кораб со минимални 1:0 славеше над Преспа на Градскиот стадион во Дебар, благодарение на голот на Един Мерсовски со што сега ланскиот второлигаш од Дебар е на врвот од табелата со 39 бодови.

Новаци се „сопна“ во Мороишта каде одигра 2:2 со Јанг Тим и му го препушти првото место на конкурентот Кораб.

Јусуф Доко погоди во 19. минута за водство на домаќинот од 1:0, а по четири минути Антонио Стојковски погоди за 1:1.

Неизвесноста продолжи, кога во 40. минута Ерблин Мурати одново донесе водство за домашниот тим со 2:1, а во 45. минута Мартин Кузманов погоди за 2:2.

До крајот на мечот Новаци се обидуваше да стигна до трет гол за три бодови, кои се многу важни, но сепак, Јанг Тим се покажа како тежок противник за Новаци, кој дома си оди само со бод.

Сатеска на домашен терен со 2:1 славеше над Дерми Хисар, во меч каде трите погодоци паднаа во вторито дел. Аце Јанкуловски погоди за водство на Демир Хисар од 0:1 во 56. минута, а три минути подоцна Никола Секулоски постигна гол за 1:1. Дваесет минути подоцна Александар НИколовски си постигна автогол за конечни 2:1 и триумф за домашниот тим од Волино.

Влазними со 3:1 на домашен терен го доби мечот со Лирија од Грнчари, во меч каде домашниот тим беше подобар противник.

Сите погодоци беа постигнати во вториот дел, а први до водство стигнаа домаќините преку Туши и Шекуткоски. Во 73. минута Наумоски постигна гол за 2:1, а пак во 88. минута Дишлиески постигна гол за конечни 3:1.

Кораб е лидер на табелата со 39 бодови, а пак Новаци е втор со 37 бодови на своето конто.