Конечно започна со асфалтирање на пристапниот пат на ул. „Коле Неделковски“ во Штип

Асфалтирање на пристапна улица во населбата Блок 70 или популарно позната како Леваци беше дел од денешната агенда на ЈП „Стипион“. Директорот, Игор Ефтимов, истакна дека од вчера екипите се на терен по пријавата од граѓани.

„ЈП „Стипион“ е на мала уличка на ул. „Коле Неделковски“ којашто беше пријавена од страна на граѓани на Општина Штип. Таму почнавме со активности, односно прво се врши порамнување на патот, тампонирање и понатаму ќе се става мрежа и ќе се бетонира патот сѐ до горното пространство, односно прво е трансформаторот на ЕВН, па има една ширина до каде ќе биде завршен целиот тој пат“, истакна Ефтимов.

Тамошните жители велат дека се задоволни, зашто оваа улица стои неасфалтирана со години, а при поголеми дождови или снегови не може да се пристапи до влезовите од земја и кал. Важно е и тоа што токму таму има трансформатор, а жителите сметаат дека може да се направи и катче за рекреација.

„Па долго време беше, а сега сме задоволни што почнаа да прават оти газиме кал за малку место. Секако дека имаше потреба да се направи и се заблагодаруваме на директорот и на работниците“, вели тамошна жителка.

„Овоа е оддамна, не е правено воопшто, го правеа нешто, посипуваа песок, ама дождот го однесе. Треба да се направи, бидејќи има тука трансформатор, до трансформаторот треба да има пристап. Тоа требаше оддамна да се направи. Околу трансформаторот исто има убаво место кое треба да се уреди. Сега и телевизија имаме тука, пред телевизијата треба да биде убаво. Добро е што почнаа“ додава тамошен жител.

Нема конкретно временски период до кога ќе биде завршена ова пристапна улица, бидејќи како што кажа директорот, сѐ зависи од временските услови. Но доколку истите дозволат, ќе се работи секојдневно и се очекува улицата да биде завршена во најкраток можен рок. Инаку, станува збор за улица во должина од 70 метри без платото и ширина од околу 30 метри. За асфалтирање на истата предвидени се околу 25 метри кубни бетон и 800 килограми мрежа.

Ребека Спасова МНет