Благој од Кочани четири години мака мачи да ги реши проблемите со КЈП Водовод

Благој од Кочани мака мачи со ЈП „Водовод“ од Кочани. Вели и покрај неговото редовно плажање на сметките, тој е соочен да добива опомени за исклучување на водата или опомени пред тужби за неплатените сметки. Дополнително на ова вели има сандаче во кое треба да му се доставуваат сметките, но истите завршуваат кај неговите соседи. Саатот му се читал еднаш во три месеци, или приморан бил состојбата за вода да им ја испраќа на инкасаторите на вибер.

„Со ЈП „Водовод“ Кочани имам голем проблем последните 4 години. Господата од ова претпријатие имаат вработени да ни донесат опомени за пред тужба и пред извршител. Тие немаат вработени инкасатори за да дојдат да го прочитаат водомерот и состојбата. Пред година дена имав проблем со саатот, дојдев тука да ми отклонат дефектот, кажаа ми поднеси барање, поднесев и барање меѓутоа тоа барање немаше никаков резултат.“ – вели Благој.

Проблемот се провлекува со години вели Благој, додавајќи дека од страна на „Водовод“ Кочани му се пишуваат огромни количини на потрошена вода, со тоа и енормни сум за плаќање.

Новиот в.д. Директор на КЈП Водовод Кочани, Иван Иванов во телефонски разговор за М-Нет истакна дека вакви случаи има, но граѓаните треба да знаат дека има и решение и дека може да се обратат до службите во претпријатието.

„Бидејќи сега е крај на година точно е тоа, системот има генерирано опомени за тужби, меѓутоа тие се генерираат автоматски на повеќе од три неплатени сметки, се генерира опоемна пред тужба, се доставуваат до граѓаните и секако постарите граѓани мислат дека се утужени, меѓутоа станува збор само за опомена“ – вели Иванов.

Поплаки се забележани и за носењето на сметките, односно дека истите не стигнуваат на вистинска адреса. Директорот истакна дека се работи за надминување и на овој проблем.

Иванов додаде дека тие се подготвени да реагираат на секој проблем и да излезат во пресрет на барањата на граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет