Комисијата за спорт одобри нови финансиски средства за штипските спортски клубови

Денес Комисијата за спорт на општина Штип ја одржа својата редовна седница на која беа разгледани повеќе барања на спортските клубови.Според информацијата од Претседателот на Комисијата, Елмир Мандак на Пливачкиот спортски клуб Челични по програма му беа одобрени средства во висина од 15.000, на Алпинистичкиот клуб Астрајон по програма му беа одобрени средства во висина од 6200 денари,на пинг понгарскиот клуб Шампион ФА по програма му беа одобрени 59.050 денари. средства во висина од 90.000 денари беа одобрени и за Кик – бокс клубот Гладијатор, потоа за женскиот одбојкарски клуб УГД Студент беа одобрени 80.000 денари, и за училишниот спорт 250.000 денари по програма. Карате клубот Астибо по програме ќе добие 50.000 денари, карате клубот Штип ќе добие 250.000 денари и на карате клубот Македонка се одобрени 130.000 денари. Сите овие одобрени средства ќе одат на разгледување и усвојување кај комисијата за финансии и буџет а конечниот збор ќе го дадат советниците на првата наредна седница на општина Штип.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk