
По вчерашниот прес на директорот на Клиничка болница Штип, доктор Ален Георгијев дека свој став додоа и од Комисијата за здравство при ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Велат дека се согласни со кажувањата на директорот за состојбите во болницата. Додаваат дека услугите не се во интерес на пациентите и вработените, и потребно е истите да бидат ставени како приоритет.
„За проблемите во КБ Штип каде се лекуваат повеќе од 200 илјади пациенти од целиот Источен регион, нашуштањето на здравствените работници, целата организираност, не одобрувањето на новите вработувања на лекари и здравствени рсаботници од министерството, конечно е детектирано и од нашиот колега директорот на болницата на вчерашниот прес. Тоа се проблеми што ВМРО ДПМНЕ ги укажува последните неколку години. Мора да се согласиме со директорот дека здравствениот систем ќе биде успешен само кога пациентите се на прво место во поставување на приоритетите.“ – велат од ВМРО ДПМНЕ.
Од комисијата за здравство посочуваат дека за да се решат проблемите и недостатоците во Клиничкаата болница во Штип потребно е да се промени Централната власт како и раководството во Министерството за здравсттво. На тој начин би се задоволиле потребите на 200 илјади пациенти од цел источен регион.
„За се тоа да се случи потребна е што поскоро смена на Централната власт и промена на раководството во Министерството за здравство. Потребно е да се продолжи со организирана работа, едукација на кадар и овозможување подобри услови за пациентите и персоналот. Еден таков успешен проект од раководењето на ВМРО ДПМНЕ е сегашното одделение за интервентна кардиологија, одделение кое се екипираше од нула со апаратура, едуцирање на медицински кадар и лекари“ – додава Захариев.
Во текот на вчерашниот ден директорот Георгијев потенцираше дека од разни прични од болницата заминале 50 здравствени работници, меѓу кои 15 лекари. Додаде дека во последните двеипол години нема примену ниту еден вработен.
Лаура Стојанова М-Нет