Колку чини изградбата на вечниот дом на градските гробишта во Штип – општината со апел до граѓаните да пријавуваат и бара контроли од инспекциите

Колку чини изградбата на вечниот дом на градските гробишта во Штип и дали некој заработува врз грбот на граѓаните? Се повеќе граѓани реагираат на високите цени што ги плаќаат на приватните оператори за изградба на нагробни споменици. Од Општина Штип велат дека, иако немаат директна надлежност, сепак и до нив стигнуваат информации за можни злоупотреби, со што сега тие бараат засилени контроли од надлежните инспекции. Градоначалникот Иван Јорданов, апелира граѓаните да бидат внимателни, да бараат фискални сметки за секое плаќање, а најавува и дигитална евиденција за поголема контрола. Вели дека со почести инспекции, поголема контрола и вклучување на повеќе оператори и од други градови, ќе се зголеми конкуренцијата, а со тоа ќе се овозможи драстично намалување на цените.

,,И покрај тоа што немаме дирекна надлежност, но поради информациите кои што доагаат до нас од страна на граѓани, сметаме дека како локална самоуправа, мораме да апелираме, да известиме, да проследиме ионформации до сите надлежни институции за сето она што се случува, а е поврзан со граѓаните, конкретно работењето на операторите на градските гробишта, наплатата и ценовните злоупотреби кои што се случуваати секако контролата на надлежните институции поврзана со работата на оператори во овој дел на услуги. Морам да потенцираме, преку ЈП Исар и заради законсите регулации, немаме надлежност да ја одредува цената кои ја плаќаат према економските опратори кои работата во овој сегмент. По добиените информации кои ги имаме, инспекциите мора почесто да направат зголемена контрола на работењето на овие оператори на гробни услуги, затоа што имаме информации дека доага до чести злоупотреби на штета на буџетот на граѓаните. До граѓаните апелирам да бидат внимателни и да внимаваат на ценовни злоупотреби. Секое плаќање мора да биде фискализирано, доколку не е немаат обврска да го плаќаат, затоа што на тој начин се врши ценовна злоупотреба на штета на граѓаните, а дополнително до надлежните институции , трудов испекторат, пазарен испекторат, УЈП и до нормално инсепкциите кои практично под локална самоуправа, заеднички да направием контрола на работењето на операторите, затоа што имаме сериозни ндиции дека се работи на штета на буџетот на граѓаните и дека имаме секојдневни ценовни злоупотреби за услугите кои ги добиваат од операторите. Затоа одлучивме да мотивираме што поголем број на приватни оператори, кои и од околни градови би дошле во Штип да работат, за да се намали цената која што моментлано ја имаме и која што е присутна аради монопол и заради непазарни сили. Во консултација со ЈП Исар ќе направиме почести контроли и дополнително во комуникација со надлежнтие инспецкии верувма дека ќе направиме притисок со кои што цените кои граѓаните ги плаќаат драстично ке бидат намалени од тоа што во моментот се случува. Потребно е граѓаните внимаваат, да пријавуваат до надлежните инстицуии, доколку не се фискализира плаќањето кое што го вршат при одредени услуги кон приватните оператори, ЈП Исар дополнително да направи една дигитална платформа на нов начин на евиденција кој е неопходен, за да практично се намали злоупотребата која што се случува. Да се зголеми конкуренцијата и на тој начин да нападнат цените кои граѓаните ги плаќаат. ,“, вели Јорданов

Oд ЈП „Исар“ велат дека тие подготвиле дигитална платформа со која ќе се има целосен увид во работата на операторите на градските гробишта. Граѓаните ќе можат да добијат точни информации за цените и услугите што ги плаќаат.

,,ЈП Исар веќе подолг временски период работи и веќе подготови една идгитална платформа преку која во секое време ќе имаме точни податоци за целиот начин односно сите чекори во работењето на операторите, нивната корелација со службите во ЈП Исар, кои што функционираат во градските гробишта во Штип. Можам да кажам дека со оваа платофмра ќе имаме целосен увид дигитален во реално време и грѓааните ќе можат на лице место да се информриаат и да добијат веродостојни податоци во однос на тоа колку чинат услугите кои што ги наплаќаме ние како јавно претпријатие, а колку чинат услугите кои што ним и се плажаат од страна на оператори, кои што работат во градските гробишта.“, рече Арсовски

Како што велат од ЈП Исар на овој начин ќе се избегнат сите неправилности и можности да граѓаните како корисници на тие услуги бидат злоупотребени од нелојалната конкуренција и монополот кои што се јавува од страна на операторите во градските гробишта.

Иван Митев, М-Нет