Колегијалноста веќе и не постои, секој се натпреварува да достигне ниво до одговорниот

Колегите се почесто се мразат и се натпреваруваат еден против други, сите си ставаат препки при работењето за да се достигне поголемо ниво кај одговорните велат штипјани, децидни дека колегијалноста веќе не постои, а ниту пак некогаш ќе се врати затоа што луѓето единствено се многу себични. Соогласни дека и промената на партии влијае врз распределбата на работно место, но и разбирањето на поимот колегијалност.

„Колегијалноста во секој поглед на движењето на човекот и колегијалноста на работата е многа важна. Во принцип затоа што ако како колеги не сте колегијални, нема да се работи како што треба во смисол на завршување на работата. Во последно време приметливо е дека колегијалноста е многу намалена, од аспект на промена на партии и сите на друг начин ја разбираат колегијалноста. Инаку колегијалнста и не постое. Многу слабо, повеќе од колегите се мразат и се натпреваруваат еден против друг, си ставаат препки кој ќе биде на повисоко ниво и поблиску до раководните органи. За да може по народно да се улижува за да добие некој бенефит од таа работа, а колегијалноста се помалку и помалку застапена. Нема како што беше порано, сега нема секој гледа очи да ти изваде друго ништо.“ – изјавиа анкетираните

Инаку како што велат анкетираните работното место е втор дом, а ние поголем дел од времето го минуваме таму, пред се треба да бидеме колегијални за да си ги завршиме работните обврски, а потоа и да се дружиме, да створиме круг на пријатели со кои секојдневно би можеле да комуницираме.

Лаура Стојанова, М-Нет