
Во Македонија постојат повеќе фудбалски ривалства и дербија, некои повеќе познати, некои можеби сега не, но во минатото имале големо значење и ги полнеле стадионите, за жал има и ривалства кои повеќе не постојат поради згаснување на клубови, но останува споменот, особено кај повозрасните генерации. Секако најголемото фудбалско дерби во Македонија е „вечното дерби“ меѓу Вардар и Пелистер, зачинето со навивачките групи „Комити“ и „Чкембари“. На 5. август 1990 година во Битола се соочиле Пелистер и Вардар во Југословенската Втора лига и се случи првиот инцидент, од тогаш започнува големото ривалство меѓу „Комити“ и „Чкембари“ со што натпреварот меѓу Вардар и Пелистер стана вечното дерби на Македонија.
Скопко дерби е мечот меѓу Вардар и Работнички, како и Вардар со Шкупи во минатото Слога Југомагнат. Дерби на Автокоманда меѓу Скопје и Металург, двете екипи играат на стадионот „Железарница“. Дерби во Драчево меѓу ССК Младинец и Драчево, како и дерби на Лисиче меѓу Горно Лисиче и Победа Долно Лисиче.
Кичевско дерби на Напредок и Влазрими, прилепско дерби на Победа и 11 Октомври, струмичко дерби на Беласица и Тиверија, а подоцна и на Беласица и Академија Пандев, тетовско дерби на Тетекс и Шкендија. Секако дека постојат и други градски дерби, но без голема историја и тие натпревари не се вистиски дерби натпревари со ривалство, како градското дерби во Радовиш на Плачковица и Детонит пред нивната фузија.
Постојат повеќе регионални дерби натпревари како Пелагониско дерби на Пелистер и Победа, Винарско дерби на Тиквеш и Вардар Неготино, Источно дерби на Беласица од Струмица и Брегалница од Штип, Братско дерби на Вардар и Тетекс, а навивачките групи „Комити Запад“ и „Војводи“ се збратимени. Езерско дерби на Охрид и Караорман од Струга, градовите Охрид и Струга лежат на брегот на Охридското Езеро, а двата градови имаат големо ривалство како и навивачките групи „Рибари“ и „Паткари“. Дерби на Пелистер и Тиквеш, навивачките групи на овие два клуба „Чкембари“ и „Лозари“ се збратимени.
Дерби помеѓу Вардар и Силекс, а кое дерби е настанато по осамостојувањето на Македонија, Пијанечко дерби на Брегалница Делчево и Каменица Саса, ова е дерби помеѓу клубовите од градовите Делчево и Македонска Каменица кои се лоцирани во регионот на Пијанец. Оризово дерби на Осогово од Кочани и Слога од Виница, дерби на двата града кои се занимаваат со производство на ориз. Рударско дерби меѓу Рудар и Каменица Саса, градовите Пробиштип и Македонска Каменица познати по своите рудници. Малешевско дерби меѓу Малеш од Берово и Напредок Пехчево, за жал ова дерби повеќе не е активно. Дерби на Чешиново и Облешево меѓу ФК Чешиново и ФК Облешево, дерби на две блиски села, со големо ривалство.
Во минатото имаше и дерби на Чаир меѓу Балкан и Шкупи, како и дерби на Карпош меѓу Алумина и Локомотива, дерби кои повеќе не се активни. Во 2008 година, ФК Алумина бил превземен од управата на Брегалница од Штип, оттогаш името на клубот било променето во Брегалница 2008, со што дербито во Карпош престанало да постои.
Големо дерби на Шкендија и Шкупи, како и на Вардар и Шкендија, дербија кои ги полнат трибините на стадионите.
Ова се најголемите дербија и ривалства во Македонија, некои и натаму активни, но со можеби послаб интензитет на публика и атмосфера, а некои за жал веќе останаа само историја, која од генерација на генерација се пренесува и прераскажува како некогаш било на стадионите.
Александар Ванев, М-Нет