
Со вчерашниот бараж меч во Велес меѓу Топ Гол и Вардар се комплетираше сезоната во Првата и Втората женска фудбалска лига. Топ Гол го доби тој бараж меч и останува во елитата, а Вардар останува во Втората лига, меч за кој известуваше телевизија М Нет од Велес.
Сега го имаме и изгледот на Првата и Втората женска фудбалска лига за следната натпреварувачка сезона 2024/2025. Во Првата лига ќе настапува шампионот Љуботен, Каменица Саса, струшки Ас Јунајтед, Тиверија од Струмица, Скопје 2014, Истатов, Шкендија од Тетово, Речица, Топ Гол и повраникот Атлетико. Во следната сезона од Првата лига само Атлетико е нов член.
Во Втората лига следната сезона ќе настапува Деспина од Прилеп која испадна од Првата лига, потоа Вардар, Кочани, радовишка Плачковица, Борец од Велес, Билјанини Извори од Охрид, Победа од Валандово и екипата на Порече од Македонски Брод.
Во Првата лига настапуваат 10 екипи, а пак во Втората лига осум екипи, меѓутоа секоја новопријавена екипа ќе земе учество во второлигашкото друштво, а тоа отвара можност Втората лига следната сезона да брои повеќе членови.
Александар Ванев, М-Нет