
Штипјанецот Зоран Шоров го освои првото место на Државното првенство во борење слободен стил за кадети односно У-17, а младиот Шоров во 2024 година освои три државни титули.
Шоров е задоволен од тоа како се подготвувал за настапот на Државното првенство, а првото место е потврда за неговиот труд кој го вложувал изминатиот период, а тренинг-кампот беше во Штип.
Младиот Шоров претходно од 15 до 20. мај настапи на Европското првенство во Грција.
Шоров веќе се подготвува за настапи на Меѓународни турнир, за Балканското првенство, а можно е учество и на Европското првенство за кадети во Србија.
Шоров во тековната 2024 година бележи големи успеси, а обединувањето на три државни титули е потврда за неговите заложби во борење. Шоров стана државен првак за кадеди до 17 години, државен првак за пионери до 15 години и државен првак за основни училишта, како и две први места на меѓународни турнири во Косово и Бугарија.
Александар Ванев, М-Нет