
Четвртото коло во Втората лига донесе 40 погодоци, најмногу имаше во Неготино вкупно девет, а најмалку во Струмица само еден.
Екипата на Каменица Саса со убедливи 1:8 го декласираше тимот на Вардар Неготино, откако доживеа вистински дебакл, а голем пораз доживеа и Преспа откако беше поразена во Гевгелија од Кожуф со 7:1.
Беласица со минимални 1:0 го доби Детонит Плачоковица, Тетекс со 2:0 славеше над Слога Виница, а пак Брегалница со 4:2 беше подобра од Новаци.
Осогово загуби на домашен терен од Скопје со 2:3, а ист резултат имаше и во Прилеп за победа на Охрид над Победа.
Шкендија Арачиново славеше голема домашна победа од 4:0 над Големо Коњари.
Во однос на табелата со по 10 бодови врвот го делат Кожуф, Брегалница, Беласица и Шкендија Арачиново. Седум бодови имаат Охрид и Скопје, а пак по шест бодови имаат Детонит Плачковица, Новаци и Тетекс.
Тимот на Каменица Саса собра пет бодови и се наоаѓа на десетта позиција, а пак Осогово е на 11-тото место со четири бодови.
По три бодови имаат Слога Виница, Преспа и Вардар Неготино, а пак еден бод има Победа, на дното останува Големо Коњари како тим кој се’ уште нема освоено бодови.
Александар Ванев, М-Нет