
В сабота во Гевгелија силите ќе ги одмерат Кожуф и Детонит Плачковица од осмото коло на Втората лига, ова ќе биде соочување и на двата штипски тренери Иван Варадиновски и Горан Здравков.
Неочекуваниот пораз на Кожуф од Големо Коњари ќе биде причина плус домашниот тим да се враќа на победничките патеки и да го држи чекорот со водечките екипи. Тимот на Варадиновски претрпе прв сезонски триумф, а против неговиот поранешен клуб кој успешно го водеше ќе го бара четвртото сезонско славје.
Детонит Плачковица во Гевгелија ќе го бара петтиот триумф, а доколку стигне до истиот тогаш тимот од Радовиш значително ќе се вмеша во врвот од табелата и околу позициите кои водат кон Прва лига.
Неколку поранешниот фудбалери на Детонит Плачковица се во редовите на Кожуф, како Дарко Стојанов и Албан мемеди, а пак радовишкиот тим има неколку поранешни фудбалери на тимот од Гевгелија како Сашко Дуков, Никола Сарески, Филип Ѓоргиевски и Филип Манасиевски.
Трите бодови се императив и за двете страни, а соочување ќе биде повеќе од неизвесно. Натпреварот се игра сабота од 15 часот на Градскиот стадион во Гевгелија.
Александар Ванев, М-Нет