Во ЖИВО на М Нет: Брегалница – Скопје, сабота од 18 часот

Осмотоо коло на Втората лига го носи дербито меѓу двата поранешни прволигаши Брегалница и Скопје кое ќе се одигра под рефлектори на Градскиот стадион во Штип, дерби кое ќе можете да го следите во ЖИВО на М Нет телевизија.

Брегалница е на врвот од табелата со 17 бодови на своето конто, а пак Скопје е четврти со 14 бодови. Двете екипи претендираат за влез во Првата лига, а ова ќе биде дерби каде трите бодови ќе ја остават Брегалница на врвот од табелата, додека пак трите бодови за Скопје би значеле прогрес кон самиот врв.

Брегалница е во одлична форма и во досегашните осум натпревари забележа пет победи и две ремија, а пак Скопје е со четири победи, две ремија и еден порази.

Во однос на ефикасноста на нападот Скопје има подобар напад со 21 поостигнат гол во однос на Брегалница која има 17 погодоци, но пак „сините“ имаат одбрана со само четири примени погодоци, а пак „пиратите“ имаат примено десет погодоци.

Во голем дел од меѓусебните натпревари на овие две екипи од 2010 година наваму немало погодоци.

Следете го во живо дербито меѓу Брегалница и Скопје на М Нет телевизија, сабота од 18 часот.

Александар Ванев, М-Нет