Клубовите во Општинската фудбалска лига во Кочани добија по 10 топки донација од ФФМ

Денес во просториите на ОФС Кочани на клубовите кои се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига во Кочани им беа доделени по десет фудбалски топки, со цел да им се помогне на секој клуб.

Од ОФС Кочани упатија голема благодарност до Фудбалската федерација на Македонија за донираните топки и помошта и поддршката која ја даваат на ОФС Кочани и сите членки на сојузот.

Александар Ванев, М-Нет