Клиничка болница Штип е целосно опремена за справување со кризата -директорот Ален Георгијев се огласи на социјалните мрежи

Првиот човек на опозицијата во Штип Иван Јорданов, на социјалните мрежи излезе со мислење дека Клиничката болница во Штип е пред колапс бидејќи нема материјали за персоналот и пациентите, а набавка нема да има во скора иднина. На обвинувањата реплицираше директорот на КБ Штип, Д-р Ален Георѓијев, кој на својот фејсбук профил објави:

-„Бедно и срамно е да се плашат и манипулираат граѓаните на Штип и регионот!!!
Материјали има…маски, капи, наочари, визири, ракавици, мантили за една употреба, скафандери за една употреба, шиени скафандери и се што е потребно…нормално е деке ќе се трошат, но без материјали нема да останеме…Сите оддели имаат далечинсли мерач на температура….сите простории редовно и попотреба се дезинфицираат…е сега во врска со колапсот…Клиничка Болница беше пред колапс, ама пред 2 години, кога требаше да се вратат скоро 400.000 евра на вработените, кои некој не им ги исплаќал со години наназад…ги вративме ние и не колабиравме…за нашите менаџерски способности има кој да цени…сега за оние апарати за кои со денови зборувате,РЕСПИРАТОРИ…нема да сметам колку можевже да купиме, ако не се купуваа врби, шмизли и прометеи…прво, респиратор е машина, која може да ја користи само високо обучен кадар ( анестезиолози и можеби уште некој ) и само онаму каде што има централен довод на кислород. Во Клиничка Болница Штип имаме 2 респиратори од Владата донирани пред 8- 9 години, но за среќа првпат комплетно сервисирани пред 2 месеци.
Од лани имаме и транспортен респиратор., набавен со сопствени средства, кој освен за транспорт, мпже и статично да се користи со кислородна боца. Од лани купен со сопствени средства имаме апарат за анестезија, со сопствени средства, кој може по потреба да биде користен како респиратор.За околу еден месец, ќе добиеме нов модерен респиратор, повторно набавен со сопствени средства и ќе биде ставен во функција.
На крај, нема потреба од терање политика, во услови кога имаме голема закана за сите нас.Короната нема да не бира по убавина, интелигенција или политичка припадност. Затоа да бидеме конструктивни, дадете некој корисен совет, мерка….има време за политичка пресметка…..Здравјето, мирот и спокојот на граѓаните пред и над се!!!!“