Класјето, лубениците и доматите се трошат како алва пред Илинден – штипјани купуваа во големи количини

Класјата, лубениците и доматите се трошат како алва на последниот петочен пазарен ден од јули, пред празникот Илинден во Штип. Граѓаните купуваа во големи количини, новите месечни примања добредојдени пред празникот. Велат дека не е скапо и дека цените се достапни за сечии џеб.

Кога е во прашање побарувачката, особено задоволни се производителите од штипско и струмичко. Велат од утринава до пладне речиси трезгите се празни

Инаку, овој петок дополнително се продаваше и првото стасано грозје, јаболка, модри сливи, а дополнително и домашен мед, убав миризлив чај и зачини.

Иван Митев, М-Нет