
Кошаркарскиот клуб Соколи од Штип продолжува со градењето на ростерот за новата сезона, а најново засилување во екипата е искусниот македонски бек Јован Александровски.
Александровски во Штип пристигнува со задача да донесе дополнителна енергија, борбеност и квалитет во играта на двете страни од теренот.
Новиот кошаркар на Соколи зад себе има настапи за Работнички, Чаир 2030 и Струмица, а во досегашната кариера се издвојува со својата борбеност, пожртвуваност и способност да придонесе и во офанзивниот и во дефанзивниот дел од играта.
Од штипскиот клуб му посакаа добредојде на Александровски и успешни настапи во дресот на Соколи.