КК Соколи подготовен за големото дерби со КК Овче Поле – во салата „Јордан Мијалоков“ во Штип ќе биде „пеколно“

Утре во спортската сала „Јордан Мијалков“ се игра големото дерби меѓу Соколи и Овче Поле од Свети Николе, дерби од 9. коло на Првата кошаркарска лига група Б. Градот под Исарот веќе пулсира за овој голем кошаркарски спектакл кој ќе биде зачинет со двете навивачки групи.

Тренерот на штипскиот тим Тоше Димиќ во изјава за М Нет телевизија вели дека целат кон победа, смета дека ќе одиграат подобра одбрана од мечот во Свети Николе.

ТЕЛЕФОНСКА ИЗЈАВА Тоше Димиќ, тренер на КК Соколи од 00:00 (ова е по сите параментри) до 00:42 (идеална за нас)

Како што вели тренерот Димиќ прашање е дали ќе има место да ги собере сите во салата „Јордан Милајков“, покрај домашната навивачка група „Банда Штип“ на трибините поддршка ќе има и Овче Поле од навивачката група „Овчари“.

ТЕЛЕФОНСКА ИЗЈАВА Тоше Димиќ, тренер на КК Соколи од 00:44 (во текот на сите) до 01:18 (на Истокот)

Натпреварот меѓу Соколи и Овче Поле кој се игра утре, петок во спортската сала „Јордан Мијалков“ ќе започне во 18 часот, а за време на полувремето е предвидена наградата игра за сите присутни.

Во нивното прво соочување сезонава во Свети Николе салата беше исполнета до последното седиште, беа постигнати вкупно 221 поен што придонесе за неверојатна атмосферата, а подобра беше екипата на Соколи со 109:112.

Александар Ванев, М-Нет